Македонија

И денеска дојави за бомби во повеќе училишта

26.12.2022 11:06

Изутрината во училиштата низ Македонија биле добиени нови дојави за наводно поставени бомби. На службените мејлови на гимназиите „Никола Карев“ и „Орце Николов“ испратени се закани за поставени експлозивни направи во објектите на училиштата...

Изутрината во училиштата низ Македонија биле добиени нови дојави за наводно поставени бомби. На службените мејлови на гимназиите „Никола Карев“ и „Орце Николов“ испратени се закани за поставени експлозивни направи во објектите на училиштата. Училиштата веднаш заканите ги пријавиле во МВР по што биле евакуирани учениците, наставниците и останатите вработени.

Освен во Скопје, дојави за бомби пристигнале и во училишта во Битола и Тетово. Заканите со бомби во училиштата траат веќе два месеци.