Кривичен суд

Мијалков спроведен во Кривичниот суд за „Титаник 2“

26.12.2022 11:17

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков е спроведен од струшкиот затвор во Кривичен за новото рочиште за предметот „Титаник 2“ закажано за претпладнево во 10 часот...

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков е спроведен од струшкиот затвор во Кривичен за новото рочиште за предметот „Титаник 2“ закажано за претпладнево во 10 часот. Последното рочиште, закажано на 22 декември, не се одржа, бидејќи Мијалков не беше спроведен од затворот во Струга. Тој се гони во случајот за противзаконско влијание во изборните нерегуларности во 2013 година.

Во присуство на неговите двајца адвокати, Љубомир Шврговски и Петар Василев, тој утрово седна во петтиот ред во судницата каде што почна рочиштето на кое треба да се испитаат неколку сведоци, меѓу кои и поранешни членови на Државната изборна комисија.