Шиповиќ пред истражен судија

26.11.2013 16:26

Повеќе од 4 часа трае распитот на истражниот судија во затворот во Шуто Оризари на првоосомничениот во случајот претседавач,Мирослав Шиповиќ.Се уште нема информација дали претседавачот на советот на Општина Центар се брани со молчење или пак дал исказ.Мирослав Шиповиќ беше уапсен на 15 октомври на аеродромот во Виена, на враќање во земјава од САД.Пред 5 дена Мирослав Шиповиќ од Виена беше екстрадиран во истражниот затвор во Скопје.

Повеќе од 4 часа трае распитот на истражниот судија во затворот во Шуто Оризари на првоосомничениот во случајот претседавач,Мирослав Шиповиќ.Се уште нема информација дали претседавачот на советот на Општина Центар се брани со молчење или пак дал исказ.Мирослав Шиповиќ беше уапсен на 15 октомври на аеродромот во Виена, на враќање во земјава од САД.Пред 5 дена Мирослав Шиповиќ од Виена беше екстрадиран во истражниот затвор во Скопје. Истражниот судија во отсуство му одреди мерка притвор во рок од 30 дена.Шиповиќ е првоосомничен во случајот „Претседавач“,се товари за финансиски криминал во фирмата „Машинопромет“ тежок милион евра во времето додека бил на чело на Управниот одбор.