Зголемен интерес за наводнување пченка со системот капка по капка
30.04.2014 09:24
Од ланските 44 земјоделци, годинава двојно повеќе ќе се вклучат во проектот за наводнување на пченката со системот капка по капка. Високите приноси се мотивот за вложување во ваквата технологија...

Со воведувањето на наводнување капка по капка просечни приноси на пченка се зголемени од 8 на 12 тони по хектар.
Проектот на УСАИД освен во пелагонија и полог годинава ќе се прошири и на вардарскиот регион.
За разлика од лани кога имаше 44, годинава ќе се вклучат 80 производители на пченка кои ќе добијат по 2.000 евра за набавка на опремата.
Заштедата на вода е уште поголема.
Од 50 литри колку што сега се користи, со новиот систем ќе бидат потребни само 10 литри,односно пет пати помали количества.
Методија Трајков
