Македонија

Дојава за поставени бомби во две училишта во Битола

26.12.2022 13:11

По втор пат основите училишта во Битола мета на анонимните дојавувачи за поставена бомба во училишните згради...

До пладне во Битола дојави на мејлот за поставени бомби во училишните згради добија Оу „Стив Наумов“ и ОУ „Тодор Ангелевски“. Учениците се евакуирани а полициските стручни екипи вршат темелна проверка на училишните згради.

Со вознемиреност поради анонимните дојави за поставени бомби битолските основни училишта „Стив Наумов“ и „Тодор Ангелевски“ беа принудени да ја прекинат наставата на првиот ден од новата работна недела.

Синиша Ивановски е родител на двајца основци. Едното дете, вели, поради настинка денеска отсуствуваше од настава, но помалото првооделенецот беше во училишните клупи. Ваквите состојби се страсни, вели вознемирениот родител.

Нешто по девет часот првата дојава стигнала на мејлот на ОУ „Стив Наумов“. Постапивме по планот за евакуација и веднаш пријавивме во полиција вели директорот Никола Пискачев.

Дојави за поставени експлозивни направи пристигнале и во две тетовски училишта.

Училиштата се празни, единствено полициските тимови се во темелна проверка. Според состојбата на теренот за очекување и овој пат констатацијата за лажни дојави уништија уште еден ден на овие образовни институции.

Стевче Митревски