Русија изврши над 40 ракетни напади на Божиќ
Во изминатите 24 часа биле гранатирани десетици градови во регионите Луганск, Доњецк, Харков, Херсон и Запорожје...

Руските сили извршија повеќе од 40 ракетни напади на Божиќ, соопшти украинската војска. Во изминатите 24 часа биле гранатирани десетици градови во регионите Луганск, Доњецк, Харков, Херсон и Запорожје.
Беспилотно летало, дрон за кое руското Министерство за одбрана тврди дека е украински, бил соборен додека се приближувал до воениот аеродром „Енгелс“ во регионот Саратов.
Тројца руски војници загинаа. Вчера, претседателот Путин изјави дека е отворен за преговори и ја обвини Украина и западните сојузници дека одбиваат.
Советникот на украинскиот претседател Зеленски одговори дека Путин треба да се врати во реалноста и да признае дека Москва е таа што не сака да преговара.
