Протест на Асоцијацијата за цистична фиброза
Пациентите со цистична фиброза допрва ќе чекаат владата да одобри пари па да ја добијат новата терапија. По протестот пред Министерството за здравство, министерот на членовите на Асоцијацијата им ветил дека решение се бара што поскоро да се набават овие скапи лекови. Во држава има 140 лица со оваа ретка болест...

Пациентите со цистична фиброза ќе почекаат за новата терапија. Во Министерството за здравство нема пари за лековите бидејќи се исклучително скапи.
Но, министерот им ветил дека на владина седница ќе се бара решение. Родителите на децата со цистична фиброза во грч и неизвеснот.
Во Македонија има околу 140 пациенти со цистична фиброза. Тие дневно пијат околу 30 таблети, се инхалираат по 6 пати, физикалната терапија е задолжителна. Возрасните се лекуваат на Клиниката за пулмологија, останатите на Клиниката за детски болести.
Наташа Ј. Менковски
