Македонија

Османи најавува интензивирање на разговорите за поддршка на уставните измени

26.12.2022 14:54

Шефот на дипломатијата Османи очекува в година да бидат донесени уставните измени. Тој најави дека веќе од идната недела ќе се интензивираат разговорите за обезбедување двотретинско мнозинство. Османи уверува дека документите коишто ги потпишавме со Софија не даваат основа за нови блокади од Бугарија, но гаранција за тоа, сепак, нема...

Најголем успех на македонската дипломатија минатата година е почетокот на преговорите со ЕУ. Останува, посочи Османи, обврската што ја презедовме кога почнавме преговори за внесување на Бугарите во Уставот. Процедурата за уставните промени ќе почне веднаш по нова година, рече Османи. Сите партии немаат проблем за внесување на други заедници во Уставот, оцени Османи, па смета дека тие ќе поминат во Собранието и покрај најавите на некои партии дека ќе условуваат со предвремени избори.

Нема начин да се гарантира дека Бугарија нема повторно да блокира по отворањето на поглавјата, но се обврза дека тоа нема да биде условувано со работата на Историската комисија, истакна Османи. Според него, идниот извештај на ЕУ за напредокот на земјава ќе биде суров во забелешките оти почнавме преговори, а во него секако ќе влезат и последните корупциски скандали.

Ирина Гелевска