Собраниска Комисија

Расправа за извештајот на Советот на обвинители

26.12.2022 15:21

Извештаите за Антикорупциска, обвинителствата, Советот на јавни обвинители пред пратениците. Опозицијата критикува за ниската доверба во правосудните органи и застарувањето на предметите. Побара одговорност од Советот на јавни обвинители. Првиот човек на телото Јолевски реагира – бараме надлежности ама вие не ни ги давате...

Спогодбите, застарувањето на предметите и немото набљудување од страна на советот наидоа на силна критика од опозицијата. Побараа одговорност од Советот на јавните обвинители заради трите проценти доверба од граѓаните во него и фактот што освен да констатира нема никакви надлежности. Од ВМРО-ДПМНЕ прашаа дали не е подобро советот да се распушти.

Од Советот пак го вперија прстот во пратениците, законите ги носите вие, ние бараме надлежности, но не ги добиваме, рече претседателот на Советот на јавни обвинители, Јолевски.

Но, на Јолевски му се забележа и зошто, наместо да молчи, не реагира јавно за зависноста од јавниот обвинител на државата и влијанијата кои станале очигледни со последните избори.

Пред Собраниската комисија и извештаите за обвинителствата, за антикорупциска и други тела.

Фиљана Кока