Стејт департмент: Изборите во Македонија уредни и професионални

30.04.2014 10:14

Изборите во Македонија беа спроведени уредно и професионално, со одредени технички неправилности, изјави вчера Џен Псаки, портпарол на американскиот Стејт департмент.

Изборите во Македонија беа спроведени уредно и професионално, со одредени технички неправилности, изјави вчера Џен Псаки, портпарол на американскиот Стејт департмент.

„Им честитаме на народот на Македонија за демонстрирање на нивното право на глас на неделните претседателски и парламентарни избори. Се согласуваме со ОБСЕ-првичната оценка на ОБСЕ дека изборите се спроведени глатко и професионално со некои технички неправилности. Ќе продолжиме да ги набљудуваме преостанатите нивоа на изборниот процес, вклучувајќи како се справуваат со поплаките и приговорите по изборите. И секако, ги охрабруваме сите коишто ќе формираат нова влада по изборите да се посветат на справување со недостатоците и нееднаквостите на поширокиот изборен процес, како што сугерираше ОБСЕ“, рече Псаки.