ЈСП

Од денеска бесплатен јавен превоз поради загадениот воздух

26.12.2022 16:14

Мерката започнува да се применува од денеска, па се до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното министерство...

Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека согласно соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, се активира мерката бесплатен јавен превоз.

„Мерката започнува да се применува од 26.12.2022 година, па се до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното министерство согласно резултатите од државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух“, велат од ЈСП.

.