Пуштен е во употреба експресниот пат Крупиште – Кочани
Се подобрува инфраструктурната поврзаност меѓу централниот и источниот дел на земјава. Пуштена во употреба е втората делница Крупиште – Кочани од експресниот пат, со што се комплетира поврзувањето со Штип. Инвестицијата за овој потег, во должина од 13,7 километри, изнесува над 18 милиони евра...

Експресниот пат Штип – Кочани е целосно функционален, откако денес се пушти во употреба делницата Крупиште – Кочани. Со инвестиција од 47 милиони евра, заем од Европската банка за обнова и развој, изградени се 28 километри експресен пат, кој истокот го поврзува со метрополата и со Бугарија.
Ако претходно од Кочани до Скопје се патувало еден час и 40 минути, со новиот пат се патува двојно пократко, но и многу побезбедно
На отворањето беше кажано дека во последните пет години во изградба на 1300 километри патишта, во државата вложени се околу една милијарда евра. Министерството за транспорт и врски наредната година има буџет од 324 милиони евра, што е за 135 проценти повеќе од овогодишниот буџет.
Славица Величковска
