Тетово

Денеска во тетовскиот Основен суд продолжува судењето за пожарот во модуларната болница

27.12.2022 08:46

Денеска во 10 часот во Основниот суд во Тетово треба да продолжи главната расправа од судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември 2021, кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени. Судењето почна пред три недели, на 7 декември, откако од септември па до овој месец, почетокот на судскиот процес беше одложуван...

Денеска во 10 часот во Основниот суд во Тетово треба да продолжи главната расправа од судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември 2021 година, кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени. Судењето почна пред три недели, на 7 декември, откако од септември па до овој месец, почетокот на судскиот процес беше одложуван.

До судење дојде откако на 27 јули 2022 година Обвинителството поднесе обвинителен предмет до Основниот суд – Тетово. Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинженер и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција на Германија. Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој биле приклучени дефибрилатор – апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.