Партии

СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува, сѐ што кажа излажа

27.12.2022 09:16

Оттаму велат- лажеше Мицкоски дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект, дека нема да започнеме преговори со ЕУ- соопштуваат од СДСМ. Преговорите започнаа и тоа со заштитен идентитет и јазик.

На Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев, не може да му се верува, цела година изнесува тешки лаги, манипулации, конструкции. Го лажеше народот дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следи асимилација и бугаризација.

Оттаму велат- лажеше Мицкоски дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект, дека нема да започнеме преговори со ЕУ- соопштуваат од СДСМ. Преговорите започнаа и тоа со заштитен идентитет и јазик.

Додаваат дека во својство на шпицен градоначалник, Мицкоски најавуваше набавка на 100 електрични автобуси за потребите на јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Не само што нема 100 нови електрични автобуси, туку и тие што ги има веќе не возат.

На Мицкоски не може да му се верува, сѐ што кажа излажа- нагласуваат од партијата.