Растат тензиите на Косово
Српскиот претседател Александар Вучич нареди војската и полицијата да бидат ставени на највисок степен на борбена готовност...

Растат тензиите на северот на Косово. Српскиот претседател Александар Вучич нареди војската и полицијата да бидат ставени на највисок степен на борбена готовност. Изјави дека ќе ги преземе сите можни мерки за да го заштити српскиот народ.
Ваквиот чекор на Белград следува по одлуката на косовската влада да ги стави своите вооружени сили во целосна готовност по серијата инциденти на северот. Приштина објави дека има оперативен план за отстранување на барикадите откако мировните сили КФОР не го направија тоа досега.
Ситуацијата во Косово ескалираше во последните две недели по апсењето на поранешен српски полицаец, на што локалните Срби одговорија со поставување барикади.
