На прехрамбената индустрија и недостасуваат стручни кадри
Над дваесет дипломирани технолози продолжија со доедукација на отсекот „Управување со квалитетот и безбедноста на храната“. На прехрамбената индустрија и недостасуваат вакви стручни кадри. Значи вработувањето нема да им причинува проблем...

Александаr Савевски и уште 21 студен на Технолошко- техничкиот факултет се втората генерација на дипломци. Савевски вели со добивањето на оваа диплома ја заокружува првата фаза од неговиот образовен процес.
„Со самото продолжување на студиите на втор циклус на насоката Управување со квалитет и безбедност на храна е надоврзување на претходните четири години, заначи за да си го докомплетирам образованието“ рече Александар Савевски.
Прехранбената индустрија има потреба од вакви кадри, но за факултетот значаја е одлуката поголем дел од штотуку дипломираните студенти одлучуваат да го продолжат образованието.
„Дел од тие студенти верќе си наоѓаат работни места а поголем дел продолжија на вториуот циклус на нашите насоки кои ги нудиме“, рече Валентина Павлова, декан на факултетот.
„И Универзитетот и самиот факултет веќе интензивно работи на пласирање на актуелноста на студиските програми и ина потпишано договори со одредени стопански субјекти“, рече Јованка Тутевска, проректорка за наука.
Технолошко- техничкиот факултет започна со работа во академската 2008/2009 и е најмлад член на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ кој оваа година со низа активности го одбележува јубилејот 35 години научно истражувачка работа.
Дијана Иванова
