Сад

Во САД загинати најмалку 14 лица

27.12.2022 09:35

Расте бројот на жртви во силното снежно невреме што зафати милиони американци во источниот дел на САД...

Расте бројот на жртви во силното снежно невреме што зафати милиони американци во источниот дел на САД. Шерифот на округот Ири, во Бафало, рече дека бројот на смртни случаи се зголемил за 14 во текот на ноќта.

Луѓе биле пронајдени во снежни наноси и во нивните автомобили премрзнати од студ. За време на божиќниот викенд, снежната бура го остави Њујорк парализиран во темница и наноси од 2,5 метри снег, додека комуналните работници се мачеа да ги исчистат затрупаните возила и домови.