Украина

Во Украина 9 милиони луѓе без електрична енергија

27.12.2022 09:37

Ситуацијата на фронтот во Донбас е тешка и болна-оцени украинскиот претседател Зеленски, додавајќи дека во земјата и натаму има недостиг на струја без која останаа речиси 9 милиони луѓе...

Ситуацијата на фронтот во Донбас е тешка и болна-оцени украинскиот претседател Зеленски, додавајќи дека во земјата и натаму има недостиг на струја без која останаа речиси 9 милиони луѓе. Воведени се итни рестрикции, вклучувајќи го и Киев. Украинскиот шеф на дипломатијата во интервју за „Асошиејтед прес“ изјави дека Киев сака мировен самит до крајот на февруари, но пред директните мировни разговори со Москва, Русија мора да се соочи со трибуналот за воени злосторства.

„ООН би биле најдобро место за одржување на тој самит. Генералниот секретар на ОН се покажа како ефикасен посредник и преговарач, затоа би го поздравиле неговото активно учество. Секоја војна завршува на дипломатски начин. Идејата за мир е двојна. Да не се дозволи Русија да манипулираат со прашањето за мирот, и редовно да кажуваат дека се подготвени за преговори, а на бојното поле го докажуваат спротивното“, изјави Дмитриј Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.

Генералниот секретар Антонио Гутереш е подготвен да посредува во одржување на самитот за Украина, но во согласност на сите страни, вклучително и руската-велат од неговиот кабинет. На Киев им се добро познати предлозите на Русија за демилитаризација и денацификација на Украина, и останува на украинските власти да ги исполнат, во спротивно руската војска ќе одлучува за нив – изјави рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.