311 санкции за брзо возење
Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 178 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 133 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 311 возачи.
Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 178 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 133 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови- информираат од МВР.
