Мудис ја зголеми прогнозата за грчкиот кредитен рејтинг

30.04.2014 11:15

Невработеноста во земјата е во пораст, а државниот долг е дури 175 насто од БДП-то...

Агенцијата Мудис ја зголеми прогнозата за кредитниот рејтинг на грчкиот банкарски сектор од негативна на стабилна.

Агенцијата очекува по шест години рецесија, грчката економија да се врати на патот на растот, годинава со 0,3, а догодина со 1,2 проценти.

Сепак, невработеноста во земјата е во пораст, а државниот долг е дури 175 насто од БДП-то.