Македонија
МВР: Лажна е пријавата за наводно поставена бомба во училиште во Охрид, завршија сите потребни проверки
27.12.2022 10:52
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки...

Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, инфомираат од МВР.
