Загадување

Скопје и денеска во првите 10 најзагадени градови во светот

27.12.2022 11:18

Главниот град на Македонија се најде на десеттата позиција на платформата „IQAir“ која го следи загадувањето на воздухот...

Главниот град на Македонија се најде на десеттата позиција на платформата „IQAir“ која го следи загадувањето на воздухот.

Скопје има индекс на квалитет на воздух од 165, кој беше ажуриран на платформата во 9.00 часот, а пред него се наоѓаат градови од Ирак, Пакистан, Кина и Индија.

Главен загадувач во моментов во Скопје е ПМ 2,5 честичката и измерени се 84,4 микрограми на кубен метар.