Македонија
МВР: Претрес во Прилеп, пронајдени стебла и гранки од канабис, приведено едно лице
27.12.2022 11:57
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе стебла од растението канабис и гранки од растението канабис.

Вчера во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.П. (19) од Прилеп.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе стебла од растението канабис и гранки од растението канабис.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
