Путин: Зад ескалацијата во Украина стојат САД
Нема руски инструктори, специјалци или војници во Украина. Зад ескалацијата стојат САД – одговори рускиот претседател Путин на западните обвинувања. Претходно, американскиот државен секретар Кери побара Русија да ја остави Украина на мира.
„Изјавувам дека нема ниту инструктори, ниту специјалци ниту војници. Тие го направија хаосот, но сакаат ние да го расчистуваме“, рече претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Руските акции во Украина ни кажуваат дека Путинова Русија игра по други правила. Преку анексијата на Крим и дестабилизацијата на истокот на Украина, Русија сака да го смени безбедносниот пејзаж на Источна и Централна Европа“, изјави Џон Кери, државен секретар на САД.
На новата средба на Советот за безбедност на Обединетите нации, рускиот амбасадор Чуркин го обвини Киев дека охрабрен од западот, упорно ја турка земјата во катастрофа.
„Најважната работа за деескалација треба да ја направи владата во Киев, како што се нарекуваат“, смета Виталиј Чуркин, амбасадор на Русија во Советот за безбеднот на ОН.
„Русија продолжува да го финансира, да го координира и да го потпалува тешко вооруженото сепаратистичко движење“, вели Саманта Пауел, амбасадор на САД во Советот за безбедност на ОН.
НАТО соопшти дека за да избегне уште поголема ескалација, нема да и даде директна воена помош на Украина, но размислува за поддршка на земјите членки на Алијансата. Доцна синоќа, пак, во Киев, кој беше сцена на народната револуција, изби масовна тепачка со истрели и експлозии. Активистите на Мајданот се обидоа да спречат марш на крајната десница во чест на загинатите во антивладините протести. Украинските медиуми пренесуваат дека има и повредени. На крајот, припадниците на самоодбраната им го отвориле патот, при што групата со факели продолжила кон украинскиот парламент.
Ивана Салтировска