Два предбожиќни концерти на Каролина, Дуке и Исмаил - „Песни за љубов и копнеж“
Овие два концерти се на поинтимна локација со помал капацитет (само 650 места од вечер) во Македонската опера и балет, која исто како и Македонската Филхармонија, во својата ДНК го има она што овие концерти го претставуваат суштински.

На 3-ти и 4-ти јануари во Македонската опера и балет, предбожиќни концерти на Каролина, Дуке и Исмаил „Песни за љубов и копнеж“.
„Поради навистина неверојатен интерес и притисок за влезници изминативе денови, како и фактот што Дуке и Исмаил остануваат во Македонија и во првата недела од јануари, се одлучивме да направиме уште два концерти, како би можеле оние кои не дојдоа до влезници за изминатите концерти овој пат тоа да го сторат“, соопштуваат од Авалон продукција
Овие два концерти се на поинтимна локација со помал капацитет (само 650 места од вечер) во Македонската опера и балет, која исто како и Македонската Филхармонија, во својата ДНК го има она што овие концерти го претставуваат суштински.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда во 09 часот наутро онлајн и преку продажната мрежа на avalon.mk.
