Регион
Продолжува истрагата за несреќата кај Пирот
27.12.2022 13:15
Српските власти ја продолжуваат истрагата за железничката несреќа кај Пирот. Вонредната состојба сè уште не е укината...

Српските власти ја продолжуваат истрагата за железничката несреќа кај Пирот. Вонредната состојба сè уште не е укината.
Според последните информации две лица загинаа, а десетици побарале лекарска помош. Вчера мерните станици покажаа дека нема присуство на амонијак во воздухот.
Товарниот воз од Бугарија што превезувал амонијак се излизга од шините, а неколку цистерни завршија во провалија во близина на реката Нишава. Во моментот на излетувањето од шините возот го управувала српската железница на територијата на Србија и нема начин како да се преземе одговорност од бугарска страна.
