Македонија
Министерство за животна средина: Прекинат праг на алармирање во Скопје
27.12.2022 14:15
Престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање...

Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје, иформираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Оттамну додаваат дека престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.
