Доделени дипломи на Факултетот за безбедност
На Факултетот за безбедност во Скопје денеска беа доделени дипломи. Обраќајќи се до студентите, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им порача дека безбедносната сфера е важен и сериозен предизвик за секое општество …

Оваа диплома, со која се крунисува учењето, е една прекрасна алатка која отвора можности за секој кој е доволно упорен. Рече студентката со највисок просек на Факултетот за безбедност Маркоска.
Вашата професија на прозорец на можности. Живеевме во период на здравствена криза, сега живееме во енергетска криза, деновиве на сајбер напади, вашата професија овозможува да се надоградувате и да бидете суштински чинител на која било активност во нашето општество. Им порача ректорот Неделковски на дипломците. Успехот на студентите е и наш успех, констатираше деканот Дујовски.
Силен интегритет, јасна посветеност и силен патриотизам кон државата. Ќе се занимавате со особено чувствителна професија. Оценка на министерот Спасовски.
На факултетот беа промовирани и 17 магистри на науки и 11 специјалисти во областа на безбедноста.
Ана Ј. Тодоровска
