Собрание

Донесени измените на Одлуката за кризна сосотојба

27.12.2022 15:01

Собранието ја донесе измената на одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти...

Со 44 гласа „за“ и 22 „воздржани“ од ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ја донесе измената на одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заштита на јавното здравје од илегална миграција, во услови на пандемија од Ковид-19 и спречување од негово ширење.

Ќе важи до 30 јуни идната година. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа кризната состојба да се однесува само на мигрантите, а не и за ковид кризата.