Изборите се опција, но не на штета на интеграциите
Од Алијанса за Албанците сметаат дека изборите за нив секогаш опција, но не и на штета на европските интеграции на земјата. Огненото крило на ДУИ не инсистира на предвремени избори…

Додека Алијанса за Албанците ги формира своите партиски тела, од опозициските редови продолжува да кокетира со власта. Сметаат дека изборите за нив се секогаш опција, но не и на штета на европските интеграции на земјата. За условувањата на БЕСА со предвремени избори за отворање на Уставот, од Алијанса велат, секој носи последици од изјавеното.
Групата од огненото крило на ДУИ кое бара поголемо внимание во партијата и разрешување на нивни функционери од раководни позиции, вели дека не се спротивставува на партиските ставови кои се добри за граѓаните. Бидејќи се во власта, не инсистираат на предвремени избори.
Власта не сака да размислува за предвремени избори, преку уцена, е ставот на премиерот Ковачевски, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели, изборите се неминовност поради состојбите во економијата, корупцијата и криминалот.
Миле Ристески
