Туризам

Двојно поскапи аранжманите за зимување

02.01.2023 17:14

Поскапувањето на енергенсите двојно ги поскапи аранжманите за зимување, но граѓаните не се откажуваат. Некои ќе одат на зимување во странство, а некои ќе штедат и ќе останат во земјава...

Двојно се поскапи аранжмани за зимување во ски-центрите заради поскапувањето на енергенсите во споредба со пред пандемијата, вели претседателот на Угостителско- туристичката комора при ССМ, Аркан Керим.

„Генерално едно четиричлено семејство можеше за 700-800 евра да има престој во хотел со четири ѕвездички, на база полупансион, сега истото тоа чини дупло- 1.500 евра“, вели Керим.

Сепак, граѓаните не се откажуваат од зимувањето. Копаоник е поскап од Малдиви, но како што објаснува Керим, тоа не е пречка да се појде на планина.

„Оваа година хит е Златибор, има голем интерес кај македонските граѓани многу добро се испромовира, најверојатно има интерес и за Бугарија, стандардно Боровец и Банско, но заради целата ситуација повеќе интерес има за Србија“, додава Керим.

Оние кои ги анкетиравме со поделени мислења. Некои ќе одат на зимување во странство, а некои ќе штедат и ќе останат во земјава.

Претседателот на Угостителско- туристичката комора се надева дека најавената инвестиција на Попова Шапка ќе се реализира поскоро за да не мора македонските граѓани да патуваат во странство за да скијаат. Управителот на овој ски-центар вели дека идното лето би требало да почнат инфраструктурните работи според доставениот план на инвеститорот.

 

Алесксандра Велинова