Македонија

Попладнево нови дојави за бомби во пет училишта во Гази Баба

27.12.2022 16:44

„Спроведени се сите безбедносни протоколи, направена е евакуација и сите дечиња се на безбедно. Пријавено е во надлежните институции и се очекува да се проверат дојавите“, напиша градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на својата официјална страна на Фејсбук...

Во објава на својата официјална страна на Фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека повторно има дојави за бомби во пет училишта во Гази Баба.

„Со жалење сакам да ја информирам јавноста дека пред 10 минути во општинските основни училишта 25 Мај, Дане Крапчев, Григор Прличев, Кирил и Методиј и Крсте Мисирков се пристигнати дојави за поставени бомби. Спроведени се сите безбедносни протоколи, направена е евакуација и сите дечиња се на безбедно. Пријавено е во надлежните институции и се очекува да се проверат дојавите. Сакам да изразам најостра осуда кон испраќачите на овие дојави и барам од институциите час поскоро преку преземање на сите мерки кои им стојат на располагање да стават крај на ваквите појави“, напиша Стефковски.