Кофикап - нов инвеститор во Кавадарци

26.11.2013 16:43

Се пополнуваат парцелите во индустриската зона кај Кавадарци. По гигантот Дрекс-Мајер, како фирма-сателит влегува туниската компанија „Кофикап“ ,како европски пример за вмрежување на малите и средните фирми во кластери. Ова е голема шанса и за домашните  фирми.

Заживува кластерското економско работење во Македонија.Првиот странски пример е влезот на  туниската компанија Кофикап која е дел од кластерот во кој е вклучен ДрекселМаер.  За експертите ова е доказ дека проектот „Инвестирај во Македонија“ е успешен а  инвестициите во најава  реални.

„Вообичаена пракса во развиените држави е вмрежување на малите и средни претпријатија во кластери каде поголемите компании од овој тип се   централни фабрики или така наречени сателити околу кои гравитираат сите останати стратегиски партнери“, рече игор Андреев експерт за стратегиско планирање за економски развој

Добрите услови за водење на бизнис но и личните препораки на странските бизнисмени  според Андреев ќе ги зголемува кластерите  во кои значајно е да се вклучат и домашни компании.

„ Ова е шанска и за домашните комании  доколку ги исполнуваат стандардите за квалитет да се обидат и да се приклучат кон кластерот и кон мрежата  оти ќе преставува  голема можност за нив“, рече Андреев

Кофикап е браунфилд   инвестиција во каја ќе се вработат 150 работници. Тие ќе произведуваат автомобилски кабли за  Дрекселмаер  и Кромберишуберт.

Дијана Иванова