Македонија

РКЕ денеска треба да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1-ви јануари

28.12.2022 08:55

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одржи подготвителна седница и се очекува да ја соопшти цената на струјата за домаќинствата според важечките блок-тарифи што ќе важи од 1 јануари 2023 година. Извесно е дека ќе има намалување за оние домаќинства коишто трошат рационално...

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одржи подготвителна седница и се очекува да ја соопшти цената на струјата за домаќинствата според важечките блок-тарифи што ќе важи од 1 јануари 2023 година. Извесно е дека ќе има намалување за оние домаќинства коишто трошат рационално.

Досега, барања за нова цена на електричната енергија на регулираниот пазар по 1 јануари поднесоа трите енергетски компании АД МЕПСО, „ЕВН електродистрибуција“ и „ЕВН хоум“

Споре првиот човек на регулаторна, од она што е доставено до Комисијата доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 отсто. Исто така ДДВ-то од 1 јануари 2023 година ќе се врати од 5 на 10 отсто.

За 20 отсто се намалува цената на струјата за малите фирми коишто се на регулираниот пазар. Неофицијално, станува збор за околу 70 илјади компании.