Затворен граничниот премин Мердаре
Локалните Срби од 10-ти декември ги блокираат патиштата во тој регион поради апсењето на нивниот сонародник Дејан Пантиќ, кој е осомничен дека учествувал во нападот врз службениците на Централната изборна комисија...

Мердаре затворен поради барикади во Србија потавени на околу два километра од оваа граница. Вчера на северот на Косово беа подигнати нови блокади. Локалните Срби од 10-ти декември ги блокираат патиштата во тој регион поради апсењето на нивниот сонародник Дејан Пантиќ, кој е осомничен дека учествувал во нападот врз службениците на Централната изборна комисија.
Српскиот претседател Вучиќ ги посети единиците откако нареди борбената готовност на армијата и полицијата да се подигне на највисоко ниво. Владата на Косово во понеделникот соопшти дека е во постојана комуникација со мисијата на НАТО на Косово, КФОР и дека ја чека нивната акција, нагласувајќи дека косовската полиција ги има сите капацитети да ги отстрани барикадите.
