Партија

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје се носи во пропаст со СДС, Левица и ДУИ коалицијата на Арсовска

28.12.2022 09:13

Евидентна е усогласеноста и партнерството помеѓу СДС, Левица и ДУИ, додека ниту еден амандман не беше прифатен од страна на градот Скопје и новата коалиција кој беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, велат од партијата.

Честито коалиција СДС, Левица и ДУИ, фингирана дебата за буџет на Тачела коалицијата „ја тебе војводо, ти мене сердаре“. На површина излезе полутајната коалиција која од вчера станува јавна помеѓу СДС, Левица и ДУИ во градот Скопје. Сите амандмани на СДС во рамките на буџетската расправа или во согласност со Арсовска беа прифатени, или беа повлечени од СДС, соопштуваат од ВМРО- ДПМНЕ.

Евидентна е усогласеноста и партнерството помеѓу СДС, Левица и ДУИ, додека ниту еден амандман не беше прифатен од страна на градот Скопје и новата коалиција кој беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, велат од партијата.

Арсовска не прифати проекти кои самата ги вети од програмата „За модерно Скопје“. Односно Арсовска против Арсовска, на штета на скопјани. Се отфрлија инвестиции во капитални инфраструктурни проекти, градба на улици, булевари. Инвестиции во спортот, градба на нови паркови, додека Арсовска не намали од програмата за промоција и гол пр на градоначалничката.

ВМРО ДПМНЕ покажа дека не го кочи градот со тоа што го гласаше буџетот, но Арсовска покажа дека има јавна коалиција со Левица, СДС и ДУИ, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.