Партии

СДСМ: 2022 година ја одбележаа неговите лаги, на Мицкоски не може да му се верува

28.12.2022 09:16

Синоќа уште една лага на Мицкоски потона, се потврди дека е во коалиција со Данела Арсовска и Левица во Скопје...

2022-та година ја одбележаа лагите на Христијан Мицкоски кој е под заложништво на Димитар Апасиев и Левица. Докажувајќи се пред Левица, Мицкоски лажеше дека ќе ни се случела асимилација и бугаризација, лажеше дека македонскиот јазик немало веќе да се нарекува македонски, соопштуваат од СДСМ.

Оттаму велат, одржувањето на првата Меѓувладина конференција, потпишувањето на првиот документ со ЕУ, Договорот за Фронтекст, на официјален македонски јазик без фусноти и додавки ги демантираа лагите на Мицкоски.

Лажеше Мицкоски и кога најавуваше 100 нови електрични автобуси за Скопје, како и нова фабрика за производство на такви автобуси. По девет месеци од таа лага на Мицкоски во Скопје не само што нема нови автобуси, туку и постоечкиот јавен превоз е во хаос.

Синоќа уште една лага на Мицкоски потона, се потврди дека е во коалиција со Данела Арсовска и Левица во Скопје. Се што Мицкоски кажа - излажа, затоа не може да му се верува, нагласуваат од владејачката партија.