Брза реакција на НБА, доживотна суспензија за расистот Стерлинг!
Доналд Стерлинг, сопственикот на Лос Анџелес Клиперс доби доживотна суспензија од НБА поради своите расистички изјави. Ова го соопшти комесарот на НБА, Адам Силвер. Според одлуката, Стерлинг има забрана за присуство на тренинзите, на натпреварите, и во иднина да има каков и да било деловен контакт со НБА. Изречена му е и максимална казна од 2.5 милиони долари.

Пред неколку дена на една интернет станица е емитувана видео снимка на која Стерлинг и забранува на својата партнерка да носи Афроамериканци на натпреварите на Лос Анџелес Клиперс.Испадот е квалификуван како исклучително расистички. Првата реакција дојде од кошаркарите на овој колуб, кои во знак на протест на последниот натпревар на теренот излегоа во спортска опрема превртена наопаку, за да не се гледаат клупските обележја.