СЕВЕРНА КОРЕЈА
Ким Јонг УН ги постави новите цели
28.12.2022 09:40
На вториот ден од Шестата проширена пленарна седница на 8-от Централен комитет на партијата, Ким зборуваше за тензиите на Корејскиот Полуостров и за состојбите на пошироката политичка сцена..

Севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун, ги откри новите воени цели за 2023 година. Најавена е уште една година на интензивни тестирања на оружје и тензии.На вториот ден од Шестата проширена пленарна седница на 8-от Централен комитет на партијата, Ким зборуваше за тензиите на Корејскиот Полуостров и за состојбите на пошироката политичка сцена.
Северна Кореја оваа година изврши серија лансирања ракети, што наиде на осуда од меѓународната заедница.
