ОМД: Да се изгради силна и попросперитетна Македонија
30.04.2014 12:05
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) им честита денеска на претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски на успешната победа на изборите минатиот викенд во Македонија, на тројцата пратеници од Дијаспората, како им препорача на опозицијата дека нивното место е во Собранието.

Обединетата македонска дијаспора, една од водечките меѓународни невладини организации со цел да ги обедини Македонците и македонските заедници во странство, им честита денеска на претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски на успешната победа на изборите минатиот викенд во Македонија. ОМД им честита на тројцата членови на Парламентот избрани од дијаспората, со надеж дека тие ќе работат напорно за да соодветно ги претставуваат непартиските погледи на дијаспората во македонското собрание, како и да помогне да се зајакне имиџот на дијаспората меѓу домашното население.
„И покрај обвинувањата за изборни нерегуларности и други проблеми, Македонија му покажа на остатокот од светот дека е посветена на демократскиот процес и уште еднаш покажа зрелост со одржување на мирни и демократски избори со интегритет; сите институции треба да работат за да се решат проблемите и да се движат напред за доброто на иднината на земјата“, рече претседателот на ОМД Стојан Николов.
Македонското раководство ги има клучните задачи пред нив, пред сè, да се подобри економијата, да воведе клучни реформи што ќе ја стават земјата на патот кон влез во НАТО и во ЕУ што е можно поскоро, и да обезбеди јавноста да биде помалку зависна од државата, додаде тој.
„Како што официјалниот претставник на ОБСЕ / ОДИХР за време на прес-конференција во Скопје при објавувањето извештајот на нивните набљудувачи на изборите во понеделникот изјави, "бојкотот не е демократски инструмент," јас исто така се приклучувам на оваа изјава и ги повикуваме лидерите на опозицијата да гледаат кон иднината; во демократијата, потребно е опозицијата да обезбеди надзор над владата, место на опозицијата е во Парламентот преку институционални механизми“, рече претседателот на ОМД Методија А. Колоски. Покрај тоа, бојкотот на претседателските избори од страна на главниот политички блок на етнички Албанци не беше конструктивно, и лошо се одразува врз земјата. Времето за бојкотот е завршено, истакна Колоски.
Пред изборите, ОМД спроведе панел дискусија во Вашингтон во однос на иднината и предизвиците и можностите кои претстојат за Македонија. Меѓу другите, еден од главните предизвици за земјата е етничката политика и политичките партии кои се основани на етнички принципи наместо на идеолошки. ОМД ги повикува македонските лидери да промовираат мултикултурен соживот, и поголема почит кон знамето на Македонија, институциите и благосостојбата.
