Србија
Дете почина од голтнат предмет во градинка
28.12.2022 11:46
Во болницата во Ниш било примено во тешка состојба со знаци на сериозно оштетување на мозочните функции.

Четиригодишно момче од Владичин Хан почина откако проголтало предмет во градинка.Во болницата во Ниш било примено во тешка состојба со знаци на сериозно оштетување на мозочните функции.
Медицинскиот тим успеал да го отстрани предметот од дишните патишта, но не и да го спаси.
Во тек е истрага за околностите кои довеле до трагичнио настан.На терен се пратени просветната инспекција, полицијата и обвинителството.
