Антикорупциска в година ќе ја чешла имотната состојба на 15 функционери и јавни личности
Антикорупциска идната година планира да ја чешла имотната состојба на 15 функционери и јавни личности. Секако, не се исклучува и проверка по допрен глас или пак ако има сознанија за евентуална злоупотреба. За антикорупционерите и натаму најризична област-правосудството. Претседателката на комисијата Ивановска работата на комисијата ја оцени како успешна…

Идната година во фокусот на антикорупционерите проверката на имотната состојба на судии, обвинители, пратеници и министри. Според годишниот план, ќе бидат опфатени 15 носители на јавни функции, но тоа не значи дека нема да се прави проверка и по допрен глас или, пак, ако има одредени сознанија за евентуална злоупотреба. И натаму најризична област – правосудството.
Антикорупциска ја усвои и годишната програма за работа 2023, со цел спроведување на мерките и активностите од националната стратегија. Ќе се прави и антикорупциска проверка на легислативата. Од антикорупциска очекуваат осовременување на софтверското решение за електронско поднесување на анкетниот лист за имотната состојба. Акцент ќе биде ставен и на поефикасно следење на процесите од скрининг-процесот.
Претседателката на комисијата работата на комисијата во 2022 ја оцени како успешна, иако на неколку наврати беше потенцирано дека институциите слабо реагираат на нивните забелешки за судир на интереси.
Милчо Велески
