Компаниите ќе плаќаат кризен данок, според Битиќи нема да влијае на профитот
Кризниот данок од 30 проценти за неколку илјади компании кои остваруваат екстра добивка нема да влијае на нивните милионски профити – вели вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Од друга страна најавува и нови вработувања во Управата за јавни приходи, со цел како што тој вели е да се зголеми ефикасноста во борбата против корупцијата...

Банки, трговски друштва, призводствени компании коишто годинава оствариле приход од над 10 милиони евра ќе бидат опфатени со вонредниот данок на екстра добивка. Тоа нема да важи само за оние правни субјекти, чијшто профит не надминал 20 проценти од просекот во последните четири години. Од Владата велат дека со овој кризен данок што ќе се плаќа еднаш ќе бидат опфатени неколку илјади компании.
„Ако нивниот просечен профит од последните 4 години не е над 20 отсто овааа година нема да бидат опфатени со овој данок. Тие што ќе имаат просечен профит последните 4 години зедно со остварениеот годинава повисок од 1,2 милион евра ќе го плаќаат овој данок. За разликата остварена над овој профит се пресметува даночна стапка од 30 отсто. Пример, ако некоја фирма имала профит од 1,2 милиони евра, а во меѓувреме тој се зголемил на 2 милиони евра – разликата од 800.000 евра ќе подлежи на 30 отсто данок на добивка, само за оваа година“, рече вицепремиерот Битиќи.
Собраните пари ќе се користат за справување со кризата, како и за поддршка на големите компании да излезат од кризата - посочи вицепремиерот Битиќи. И додека државата прави обид да собере повеќе пари, во тек се огласи за стотици вработувања во администрацијата, кои се правдаат со заминувања во пензија. Но, според Владата, иако бројката личи помезна, сепак, целта е да зајакнат капацитетите за борба против корупцијата.
„Наредниот период ќе се продолжи вработувањата во инспекциските служби во сите сектори , но сепак нема да биде доволно . Ќе има и хоризонтални и веритикални поместувања со цел да се пополнат работните места. Ќе има можност да се пријават сите кои ги исполнуваат условите“, дополни Битиќи.
Во меѓувреме, Битиќи соопшти дека годинава се потпишани 277 договори за државна поддршка на инвестициите, за што се исплатени 23 милиони евра.
Марина Стојанова Тонева
