Вашингтон го зеде првиот голем скалп
30.04.2014 12:31
Екипата на Чикаго е првата фаворизирана, што го завршува доигрувањето уште во првата рунда. Мемфис поведе против Оклахома, Клиперс повторно водат против Голден Стејт.
Вашингтон славеше против Чикаго со 75:69 во невообичаено неефикасен натпревар за НБА стандарди. Малиот број на поени покажува колку им значеше победата на двете страни, на Булс за останување во живот, а на Визардс за пласман во втората рунда. Вол постигна 24 поени за победникот, а Хајнрих и Батлер имаа по 16 кај поразените. Вашингтон славеше во серијата со убедливи 4:1.

Мемфис и Оклахома одиграа уште едно продолжение, повторно го добија Гризлис, за конечните 100:99. Милер реализира 21 поен за победничката екипа, а Вестбрук 30 кај поразените. Гризлис водат со 3:2 во една од двете најнеизвесни серии на Западот. Другата, со изедначен скор, е Сан Антонио - Далас, каде што 5-тиот натпревар се игра по полноќ.
На третата средба во синоќешната понуда, Клиперс победија против Голден Стејт со 113:103 и се на чекор до пласман во 2-то коло. Клиперс водеа со 2:1, но по срамниот испад на нивниот сопственик Доналд Стерлинг (расизам, доживотно суспендиран од НБА) загубија во 4-тиот меч, а синоќа поведоа со 3:2. Џордан постигна 25 поени за победничката екипа, на другата страна Томсон имаше 21 поен.
Освен Спарс и Маверикс, во програмата по полноќ се среќаваат Бруклин кај Торонто (2:2), односно Хјустон и Портланд (1:3).