МВР

Тетовец заработи кривична пријава за тероризам

28.12.2022 13:20

По спроведените антитерористички проверки , било утврдено дека дојавата е лажна. Не биле најдени никакви експлозивни направи...

Кривична пријава за тероризам заработи 63-годишен тетовец за лажна пријава за наводно поставени бомби во Делчево. Тој од својот мобилен телефон, на 17-ти декември, во Одделот за внатрешни работи Делчево лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено експлозивни направи.

По спроведените антитерористички проверки, било утврдено дека дојавата е лажна. Не биле најдени никакви експлозивни направи. Тетовецот е уапсен, во полициска станица бил сослушан, а му биле одземени телефонот и две сим картички. Изминативе месеци, закани за бомби има во училишта, институции, министерства, трговски центри, станбени објекти.

Министерот Спасовски во неколку наврати посочи дека голем дел од заканите доаѓаат од ај-пи адреси од странство. Досега сите дојави беа лажни.

Наташа Гркова- Петрушевска