Здравство

Специјалисти по семејна медицина ќе даваат услуги за сексуално и репродуктивно здравје

28.12.2022 13:36

Изготвен е акциски план, специјалисти по семејна медицина да даваат услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Пред ова да заживее во пракса потребно е да се направи доедукација на семејните лекари, но и тие да добијат материјална сатисфакција за услугите кои што ќе ги вршат покрај редовните здравствени прегледи...

Во некои региони нема гинеколози, а некаде не се доволни. Специјалистите по семејна медицина можат да даваат услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Истражувањето на ХЕРА покажало дека некои се подготвени, а на дел им треба дообука за да бидат посигурни во пружањето на овие услуги. Целта на овој проект е универзален пристап до здравствени услуги за сите граѓани во земјава.

Факт е дека со сегашната организација на примарната здравствена заштита, матичните лекари немаат време за вакви услуги. Затоа, изготвен е акциски план со којшто се мапирани специјалистите по семејна медицина.

Дообуките на специјалистите по семејна медицина не е замена на гинеколозите, туку идејата е да бидат партнери во грижата за здравјето на населението. 21 процент од вкупниот број матични лекари се специјалисти по семејна медицина.

Наташа Ј. Менковски