Македонија

МВР: Запленети околу 6.200 парчиња пиротехнички средства во Скопје, приведено едно лице

28.12.2022 13:56

И.К. бил приведен во полициска станица, а пиротехничките средства биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

Денеска (28.12.2022) на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го привеле И.К. од с. Батинци, скопско.

Тој бил затекнат како продава пиротехнички средства и кај него биле пронајдени вкупно 4811 парчиња различни видови пиротехнички средства. И.К. бил приведен во полициска станица, а пиротехничките средства биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, на ул.„192“ на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар заплениле 1358 парчиња различни видови пиротехнички средства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.