Лекување на кандида
Инфекцијата кандида е тешко да се дијагностицира бидејќи габата е присутна во секој здрав организам.Причината за нејзината појава е што таа пушта корени кои ја пробиваат цревната слузница и нејзините токсини доспеваат во крвотокот и потоа многу лесно го напаѓаат целиот организам, при тоа пројавувајќи разни психички и физички симптоми.

Инфекцијата кандида е тешко да се дијагностицира бидејќи габата е присутна во секој здрав организам.Причината за нејзината појава е што таа пушта корени кои ја пробиваат цревната слузница и нејзините токсини доспеваат во крвотокот и потоа многу лесно го напаѓаат целиот организам, при тоа пројавувајќи разни психички и физички симптоми.
Таа се активира кога доаѓа до промената на киселоста на вагината, како и намалувањето на непатогените микроорганизми на слузницата. Одредени состојби и заболувања влијаат на промена на киселата средина на вагината. Најчести фактори за појава на кандијаза се: менструацијата, некои болести (шеќерна болест), бременост, менопауза, антибиотици и контрацептивни средства со естрогени и стероиди. Влагата и иритацијата на вагината, исто така стимулира раст на кандидатаКадијазата се манифестира со непријатен јадеж во пределот на половите органи, со појава на зголемена секреција т.е. беличест, густ, вагинален исцедок , со специфичен слаткаст мирис. Слузниците на вагината се црвени, отечени и болни.
Половиот однос може да биде болен. За време на мокрењето се јавува пецкање или болка.. Лекувањето на кандидијазата се спроведува со примена на антимикотици, лекови против габи. Во третманот на габичните инфекции на женските полови органи се применуваат антимикотици-деривати на имидазолот: clotrimazol(Canesten, Plimycol) и полиенски антибиотици како што сеnistatin (Nystatin, Moronal), amfotericin (Ampho-Moronal) inatamicin (Pimafucin) во форма на вагинални таблети, креми или масти. Терапијата може да трае од 1-7 дена.Кај честите, повторувани габични инфекции неопходно е да се спроведе терапија со антимикотици во вид на орални таблети или капсули:flukonazol (Diflucan) или itrakonazol (Orungal).За време на присутните симптоми, како и за време на терапијата се препорачува избегнување на сексуални односи, иако на овој начин инфекцијата се пренесува само во 10-15% од случаите.Кандидата многу успешно може да се држи под контрола и да се лекува и само со добар и соодветен режим на исхрана што всушност значи и здрав начин на исхрана.
