Хроничен недостиг од судии во Уставен
Пратениците се неодговорни – претседателката на Уставен Кацарска, распали по народните избраници. Недостига третина од предвидениот број судии, предмети се трупаат, меѓу нив и такви од голема важност за граѓаните...

Претседателката на Уставниот суд Кацарска ги повика пратениците да преземат одговорност за своите уставни обврски и да изберат уште тројца уставни судии, со цел институцијата да одговори на предизвиците за владеење на правото и заштита на човековите права и слободи.
Токму поради тоа што Уставен работи само со шест судии не може да се добие мнозинство за 26 заостанати предмети, а не може да се постапува и по предметите за оспорување на указите за Преспанскиот договор и Законот за употреба на јазиците, појасни Кацарска.
Кацарска информираше во судот се оформени 130 предмети, од кои половината се од оваа година. Во однос на начинот на изборот на уставните судии, таа смета дека во Законот треба попрецизно да се дефинира поимот истакнат правник како стручна квалификација.
Игор Панов
