Правда

Тупанчески за „Таргет и Тврдина“: Од хеликоптер се гледа дека нешто не е во ред

28.12.2022 14:51

Од хеликоптер се гледа дека нешто не е во ред. Дури 9-10 месеци предметот стоел во Апелација, вели министерот за правда Тупанчески за „Таргет-Тврдина“ случајот за масовното нелегално прислушување во УБК, чија првостепена пресуда неодамна беше укината од овој суд, со што предметот, особено делата за кои се гони Сашо Мијалков застаруваат за две години...

Од хеликоптер се гледа дека нешто не е во ред. Дури 9-10 месеци предметот стоел во Апелација, вели министерот за правда Тупанчески за „Таргет-Тврдина“ случајот за масовното нелегално прислушување во УБК, чија првостепена пресуда неодамна беше укината од овој суд, со што предметот, особено делата за кои се гони Сашо Мијалков застаруваат за две години.

Сепак според него одговорноста на судиите треба да ја цени Судскиот совет. Тупанчевски е на мислење дека член на Судски совет треба да биде некој што е судија најмалку односно најниско во Апелација. Не може стручен соработник да оценува работа на врховен судија, вели Тупанчески кој најави законски измени бидејќи се злоупотребува дефиницијата за истакнат правник.

Според ресорниот министер членовите на Судскиот совет од кои потоа се бира претседател не е во ред да се бираат во Собранието, каде ги гласаат политичките партии.